КРЕИРАЊЕ НОВИ НАВИКИ – Уф, често знаат да бидат напорен процес за реализација :) ?!*

Кога ќе го започнето патување кон личните промени, многу често од тренерите каде одите на обука, на предавање, семинари, бесплатни online средби, од видеата кои ги слушате или литературата која ја читате ќе добиете препорака ако сакате нешто да промените кај себе, треба да креирате нова навика.

Креирањето нова навика кога Ви ја објаснуваат искусни личности изгледа многу едноставен процес. Размислуваш што сакаш да промени кај себе, потоа бираш каква навика ќе ти помогне во реализирање на промената, постигнувањето на одредена цел и одредуваш датум од кога почнуваш да ја правиш секој ден, во континуитет.

Полесно неможе да биде. 🙂 Нели?

Што има тука комплицирано? – Ништо.

Но кога ќе започнеш да ја применуваш, ќе Ви се јават отпори за кои не сте ни знаеле дека воопшто постојат во Вашиот ум. Имате чувство дека сите одеднаш се вклучиле и алармираат тревога. Да. :)))) ПРОМЕНА забележале. Нешто ново се случува. За старите навики непознато. Некоја стара навика дури е веќе и исклучена. Правиме чекори за да ја избришеме. Не ни служи веќе.

Сите тие навики сега здружени ќе се обидуваат да ја стават ситуцијата под контрола, односно да ја вратат во старата состојба.

Овој дел од процесот на креирање нова навика е многу важен. Важно е да се знае дека постои и дека треба да се надмине. Да се биде трпелив и да се не се откажуваш од промената.

Создавањето навики кои ќе донесат позитивни промени во Вашиот живот, во зависност од тоа кој Ви ги предлага, поделени се на повеќе категории и тоа: утрински или вечерни навики, дневни, неделни, месечни, навики за здрав живот, навики за позитивно размислување итн.

На овој блог ќе пишуваме во повеќе наврати за нив. Денес ќе зборуваме за една од нив, а тоа е пишувањето три страници во дневник веднаш откако ќе се разбудите.

Оваа утринска навика детално е објаснета во книгата “The Artist,s Way” by Julia Cameron. Таа во својата книга објаснува дека практикувањето на утринските страници е едноставно, односно пишувате три страници со пенкало веднаш откако ќе станете, без да размислувате, да анализирате што пишувате, без стрес, само ги ставате на хартија сите мисли што ви се вртат во главата во тој момент. Само пишувате. Не е важна содржината на тоа што го пишувате. Важно е само дека пишувате. Се што имате во глава го ставате на хартија. Не гледате што сте напишале, не се осудувате, не размислувате дали има смисла и од каде сето ова. Само пишувате додека не напишете три страници. Тука застанувате.

Ова не треба да биде најкреативното нешто што сте го создале, не е тоа целта.

Целта на утринските страници е да се ослободите од мислите кои не ви користат. За да може во останатите дел од денот да бидете креативни и позитивни. Тие се како прочистувач на умот, како што се медитацијата, вежбањето, танцувањето, возењето велосипед.

Ова е една од алатките да се ослободите од негативните мисли кои ја уништуваат Вашата креативност и да направите место на позитивните мисли да си ја завршат својата работа. Утринските страници треба да ни ги стават во фокус нашите надежи, соништа, стравови и нелогичности. Да ни ги воочат областите на кои треба да им дадеме внимание.

Важно е да запамтите дека резултатот од утринските страници не е за јавна достапност. Таа не е и за приватна достапност :)))))

НЕ ГИ ПРЕПРОЧИТУВАЈ СТРАНИЦИТЕ И НЕДОЗВОЛУВАЈ НИКОЈ ДРУГ ДА ГИ ЧИТА. ОДЛИЧНО БИ БИЛО ДА ГИ СОКРИЕТЕ ИЛИ УНИШТИТЕ.

Ако сакате подетални информации за оваа утринска навика, може да ја прочитате книгата “The Artist,s Way” by Julia Cameron, достапна е во pdf верзија на интернет.

За оваа навика, не треба ништо посебно да се подготвувате, освен да станете 20 минути порано од вообичаеното време за будење и да земете три листа хартија и да започнето со пишување.

Започнете со утринското пишување и споделете во коментар какви позитивни промени започнале да Ви се случуваат.

Ви благодарам што ме читате!

Ако Ви се допадна текстот и сметате дека може да му помогне на некој друг, Ве замолувам да го препорачате или споделите со Вашите пријатели 🙂

Си организирате ли средба (дејт) сами со себе?

Дали некогаш сте организирале средба за себе? Да. Дали некогаш сте се однеле себе на средба, на дејт? Необично, нели? Може се прашувате какво е ова трик прашање. Како можете сами со себе да одите на средба.

Можете да го правите тоа, пожелно е да го правите. Понекогаш толку многу од своето време го посветуваме на луѓето околу нас, членовите на нашето семејство, пријатели, роднини, колеги, познаници, што забораваме дека истото тоа треба да го направиме за себе.

Неможете да споделувате од празна чаша, мора да се наполните со енергија, а таа може да се наполни и на овој начин.

Јас во текот на неделата барем еднаш одам до едно од моите омилени места, купувам кафе за носење и седнувам на клупа во едно мало и незабележително паркче и уживам во времето поминато со себе. Секоја голтка кафе е проследена со мисли за мене, за работите што ги сакам, за идеите, плановите. Гледам во околината, зеленилото, во дрвјата, во синото небо, го дишам воздухот. Седам сама со себе, на средба сум.

Се прашувам како сум, дали сум задоволна од тоа што го работам во моментот, што сакам, кои се моите желби, како денес да бидам подобра од вчера. Ми надоаѓаат мисли и решенија. Кога си во мир, во релаксирана состојба, потсвеста знае да испрати интересни мисли, зборови. Колку само идеи и одлуки се донесени после средбата со себе.

Како да го направите ова. Од каде да почнете. Најпрво направете план за места кои сакате да ги посетите, филм кој сакате да го гледате, театарска претстава, изложба, омилениот ресторан, кафуле, подарете си книга, CD со омилената музика, возете се до најблискиот град. Потоа, одредете која активност ви носи најмногу возбуда и со неа почнете.Може да бидат многу мали работи кои ве прават среќен/среќна.

Посветувајќи си време на себе, грижејќи се за себе, вие ќе бидете подобар родител, партнер, пријател, колега, брат, сестра. Сите ќе имаат бенефит од вашата средба со себе.

Неколку причини зошто треба да пробате:

  • Ќе ве извади од зоната на комфорот – тоа значи дека ќе правите работи кои дотогаш не сте ги направиле, не биле вообичаени за вас, ќе посетите места на кои никогаш порано не сте биле;
  • Ќе имате спиритуално искуство – тоа значи дека ќе се поврзете со своето внатрешно јас, со дете во вас, ќе направи да успорите и да уживате во моментот;
  • Ќе ја зголеми вашата желба за истражување – ќе ви отвори нови погледи и размислувања за себе и за вашето опкружување, за светот во кој живеете.
И на крај од овој пост, најважното прашање.....

Каде вие се носите себе на состанок, на излегување, на прошетка, на кафе, на пијалок, на било што? Имате ли таква навика? Сте пробале ли?

Промените може да бидат забавни

Промените се дел од нас, дел од нашиот живот и тие се случуваат постојано.

Ги правиме свесно или несвесно.

Незнам дали некогаш сте размислувале колку тие може да бидат забавни и интересни кога ги правиме свесно.
Може да ви бидат како еден вид игра, да размислувате и да се обидете на креативен начин да воведете некоја нова промена во вашето секојдневие.
Секогаш започнете со едноставни, мали и се разбира позитивни промени.

Првата работа која е пожелно да ја имате на ум при донесувањето на одлука за промена, таа да биде ЕКОЛОШКА. 
Еколошката промена/навика подразбира дека од таа промена нема само вие да имате позитивен исход, туку дека и вашата околина ќе има корист од тоа.😊 Вашите најблиски, семејството, пријателите, колегите.

Симбол за промена

Исто така, важно е да ги знаете и следниве податоци:
• За да воведете некоја нова промена/навика, мора некое старо однесување/навика која не ви се допаѓа да го замените со нова; 
• На секоја промена/ навика за да стане рутина и треба време, период од 21 ден за да ја извршувате на автоматски начин; 
Дајте си себе време, бидете трпеливи и резултатот е неизбежен, ќе уживате во процесот на “инсталација” на новата навика/промена.
За време на инсталирање на промената, пожелно е да ги забележувате сите емоции, отпори и предизвици со кои ќе се соочувате во тој период.

На крајот задоволството е огромно, ќе бидете горди на себе и ќе сфатите дека се може да реализирате и така постепено ќе си поставувате поголеми и поголеми цели, навики, промени.

Најважно е секогаш да се стремите кон позитивни промени.

Каква енергија праќате, таква ви се враќа. Затоа “ONLY GOOD VIBES“.

На пример: Тестирајте ги следниве работи дали функционираат и како ќе се чувствувате вие:

  • секој ден подарете насмевка на некој непознат човек…..онака по случаен избор, без повод;
  • помогнете на некого, направете добро дело;
  • станувајте 1 час порано од вообичаеното време за будење. Воведете утрински ритуал, било каков, се што ве прави да сте среќни и задоволни;
  • воведете еден здрав оброк или напиток;
  • учете нови работи, ќе му годи на мозокот, сака тој предизвици.😉😊😉
    За крај тестирајте, тестирајте, тестирајте, проверете дали функционира. Забавувајте се.