Си организирате ли средба (дејт) сами со себе?

Дали некогаш сте организирале средба за себе? Да. Дали некогаш сте се однеле себе на средба, на дејт? Необично, нели? Може се прашувате какво е ова трик прашање. Како можете сами со себе да одите на средба.

Можете да го правите тоа, пожелно е да го правите. Понекогаш толку многу од своето време го посветуваме на луѓето околу нас, членовите на нашето семејство, пријатели, роднини, колеги, познаници, што забораваме дека истото тоа треба да го направиме за себе.

Неможете да споделувате од празна чаша, мора да се наполните со енергија, а таа може да се наполни и на овој начин.

Јас во текот на неделата барем еднаш одам до едно од моите омилени места, купувам кафе за носење и седнувам на клупа во едно мало и незабележително паркче и уживам во времето поминато со себе. Секоја голтка кафе е проследена со мисли за мене, за работите што ги сакам, за идеите, плановите. Гледам во околината, зеленилото, во дрвјата, во синото небо, го дишам воздухот. Седам сама со себе, на средба сум.

Се прашувам како сум, дали сум задоволна од тоа што го работам во моментот, што сакам, кои се моите желби, како денес да бидам подобра од вчера. Ми надоаѓаат мисли и решенија. Кога си во мир, во релаксирана состојба, потсвеста знае да испрати интересни мисли, зборови. Колку само идеи и одлуки се донесени после средбата со себе.

Како да го направите ова. Од каде да почнете. Најпрво направете план за места кои сакате да ги посетите, филм кој сакате да го гледате, театарска претстава, изложба, омилениот ресторан, кафуле, подарете си книга, CD со омилената музика, возете се до најблискиот град. Потоа, одредете која активност ви носи најмногу возбуда и со неа почнете.Може да бидат многу мали работи кои ве прават среќен/среќна.

Посветувајќи си време на себе, грижејќи се за себе, вие ќе бидете подобар родител, партнер, пријател, колега, брат, сестра. Сите ќе имаат бенефит од вашата средба со себе.

Неколку причини зошто треба да пробате:

  • Ќе ве извади од зоната на комфорот – тоа значи дека ќе правите работи кои дотогаш не сте ги направиле, не биле вообичаени за вас, ќе посетите места на кои никогаш порано не сте биле;
  • Ќе имате спиритуално искуство – тоа значи дека ќе се поврзете со своето внатрешно јас, со дете во вас, ќе направи да успорите и да уживате во моментот;
  • Ќе ја зголеми вашата желба за истражување – ќе ви отвори нови погледи и размислувања за себе и за вашето опкружување, за светот во кој живеете.
И на крај од овој пост, најважното прашање.....

Каде вие се носите себе на состанок, на излегување, на прошетка, на кафе, на пијалок, на било што? Имате ли таква навика? Сте пробале ли?

1 thought on “Си организирате ли средба (дејт) сами со себе?”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s