КРЕИРАЊЕ НОВИ НАВИКИ – Уф, често знаат да бидат напорен процес за реализација :) ?!*

Кога ќе го започнето патување кон личните промени, многу често од тренерите каде одите на обука, на предавање, семинари, бесплатни online средби, од видеата кои ги слушате или литературата која ја читате ќе добиете препорака ако сакате нешто да промените кај себе, треба да креирате нова навика.

Креирањето нова навика кога Ви ја објаснуваат искусни личности изгледа многу едноставен процес. Размислуваш што сакаш да промени кај себе, потоа бираш каква навика ќе ти помогне во реализирање на промената, постигнувањето на одредена цел и одредуваш датум од кога почнуваш да ја правиш секој ден, во континуитет.

Полесно неможе да биде. 🙂 Нели?

Што има тука комплицирано? – Ништо.

Но кога ќе започнеш да ја применуваш, ќе Ви се јават отпори за кои не сте ни знаеле дека воопшто постојат во Вашиот ум. Имате чувство дека сите одеднаш се вклучиле и алармираат тревога. Да. :)))) ПРОМЕНА забележале. Нешто ново се случува. За старите навики непознато. Некоја стара навика дури е веќе и исклучена. Правиме чекори за да ја избришеме. Не ни служи веќе.

Сите тие навики сега здружени ќе се обидуваат да ја стават ситуцијата под контрола, односно да ја вратат во старата состојба.

Овој дел од процесот на креирање нова навика е многу важен. Важно е да се знае дека постои и дека треба да се надмине. Да се биде трпелив и да се не се откажуваш од промената.

Создавањето навики кои ќе донесат позитивни промени во Вашиот живот, во зависност од тоа кој Ви ги предлага, поделени се на повеќе категории и тоа: утрински или вечерни навики, дневни, неделни, месечни, навики за здрав живот, навики за позитивно размислување итн.

На овој блог ќе пишуваме во повеќе наврати за нив. Денес ќе зборуваме за една од нив, а тоа е пишувањето три страници во дневник веднаш откако ќе се разбудите.

Оваа утринска навика детално е објаснета во книгата “The Artist,s Way” by Julia Cameron. Таа во својата книга објаснува дека практикувањето на утринските страници е едноставно, односно пишувате три страници со пенкало веднаш откако ќе станете, без да размислувате, да анализирате што пишувате, без стрес, само ги ставате на хартија сите мисли што ви се вртат во главата во тој момент. Само пишувате. Не е важна содржината на тоа што го пишувате. Важно е само дека пишувате. Се што имате во глава го ставате на хартија. Не гледате што сте напишале, не се осудувате, не размислувате дали има смисла и од каде сето ова. Само пишувате додека не напишете три страници. Тука застанувате.

Ова не треба да биде најкреативното нешто што сте го создале, не е тоа целта.

Целта на утринските страници е да се ослободите од мислите кои не ви користат. За да може во останатите дел од денот да бидете креативни и позитивни. Тие се како прочистувач на умот, како што се медитацијата, вежбањето, танцувањето, возењето велосипед.

Ова е една од алатките да се ослободите од негативните мисли кои ја уништуваат Вашата креативност и да направите место на позитивните мисли да си ја завршат својата работа. Утринските страници треба да ни ги стават во фокус нашите надежи, соништа, стравови и нелогичности. Да ни ги воочат областите на кои треба да им дадеме внимание.

Важно е да запамтите дека резултатот од утринските страници не е за јавна достапност. Таа не е и за приватна достапност :)))))

НЕ ГИ ПРЕПРОЧИТУВАЈ СТРАНИЦИТЕ И НЕДОЗВОЛУВАЈ НИКОЈ ДРУГ ДА ГИ ЧИТА. ОДЛИЧНО БИ БИЛО ДА ГИ СОКРИЕТЕ ИЛИ УНИШТИТЕ.

Ако сакате подетални информации за оваа утринска навика, може да ја прочитате книгата “The Artist,s Way” by Julia Cameron, достапна е во pdf верзија на интернет.

За оваа навика, не треба ништо посебно да се подготвувате, освен да станете 20 минути порано од вообичаеното време за будење и да земете три листа хартија и да започнето со пишување.

Започнете со утринското пишување и споделете во коментар какви позитивни промени започнале да Ви се случуваат.

Ви благодарам што ме читате!

Ако Ви се допадна текстот и сметате дека може да му помогне на некој друг, Ве замолувам да го препорачате или споделите со Вашите пријатели 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s