Blogs

Случајности! Постојат ли?

Верувате ли во случајности? Постојат ли? Или се се случува со план направен од некоја виша сила, универзум, бог, како и да го нарекувате.

Ќе ви пренесам една од многуте мои случајности, кои беа се само не случајни средби, а секогаш така изгледаа 🙂

Интересно, многу интересно…..

Долго се немавме видено, можеби повеќе од неколку месеци.

Едно понеделничко утро, додека го пиев своето утринско кафе во мојата омилена кафетерија во центарот на градот, влезе мојата пријателка Емилија. Двете се израдувавме на средбата, се гушкаме, се смееме и додека таа го порачува своето утринско кафе со  голема пена и цимет, го започнуваме разговорот на една заедничка тема. Така одеднаш покрај другото зборуваме за тема која претходно воопшто не сме разговарале, никогаш….навистина никогаш.

Неколку минути откако започна разговорот на темата, за миг замолчавме, се погледнавме и се чудиме како е можно двете во ист период да сме размислувале на оваа тема и двете во исто веме да започнеме активности за нејзина реализација, да сме на исто ниво, а претходно не сме се виделе со месеци. Сега кога сме двете во фаза да ни треба поддршка, „случајно“ ние двете се сретнуваме во кафетеријата и го започнуваме разговорот, така без никаква причина.

Се смееме, се радуваме за тоа како универзумот ги средува работите, како ја има пошироката слика и ги презема чекорите, кои нас понекогаш ни немаат логика.

Не треба да се бара логика, само треба да се следаат знаците, кој секогаш ни ги праќа.

После ова утро, за поддршка да се реализира нашата заедничка активност, која всушност е индивидуална и не е поврзана една со друга, ние двете секој ден понатаму до крајна реализација бевме постојано во контакт.

Разговаравме, споделувавме информации за крајниот резултат и бенефитот од оваа наша активност. Тестиравме. Истражувавме. Бевме возбудени секогаш кога зборувавме за крајниот резултат, за тоа што ова преставува за нас. Ја гледавме нашата истрајност и тоа се што може еден човек да постигне ако има идеја и план за реализација.

Во текот на овој период и нашиот однос се промени. Станавме по отворени, поблиски една со друга. Имавме нови теми за разговор, доаѓаа идеи, а ние бевме отворени за истражување, за реализација.

Случајности нема, верувајте, се што треба е да ги препознавате знаците кои ви ги праќа универзумот, за да преземате чекори кои ќе ве доведат до посакуваниот резултат.

Двете правевме промени кај себе, во истиот период работевме на себе, на својот личен развој. Интересно……..а никогаш претходно оваа тема не била предмет на разговор, а сега оддеднаш двете длабоко заинтересирани за неа. Поттикнати да истражуваме за неа, возбудени од помислата на нејзиниот резултат.

Физички промени имаше нашата активности, ни се разведруваше умот, мислите ни беа позитивни, насмевки имавме на лицата.

Дали постојат случајности?

Мое мислење е дека не постојат. Се се случува со причина. За наше највисоко добро.